Трета фаза од Проектот

Во рамки на третата фаза од проектот направено е истражување да се утврди каква е перцепцијата на вработените на факултетите во Р. Македонија за состојбата на студентите со хендикеп, какво е мислењето на вработените за архитектонската пристапност на факултетите и пристапноста до содржините, да се утврди степенот на дискриминација, како и колку професорите се подготвени да го прилагодат своето работење според можностите на студентите со хендикеп. Истражувањето е спроведено во текот на април и мај 2008 година. Резултатите од истражувањето може да ги погледнете овде.

Бидејќи активностите од оваа фаза беа фокусирани на академскиот и административниот кадар, беа одржани работилници на факултетите на кои присуствуваа вработените. На работилниците им беше претставена состојбата на факултетите добиена од резултатите од истражувањето. Беше претставена и законската регулатива во нашата земја, која се однесува на рамноправност и еднакви можности за сите студенти, терминологијата, како и пристапот кон различен вид на хендикеп.

Можеби, најинтересна активност во оваа фаза беше “ симулација на бариери “. Пред Ректорската управа и факултетскиот кампус во Скопје, професорите за момент се ставија во иста состојба како своите идни колеги со хендикеп и се обидоа да ги надминат трите најчести препреки со кои се соочуваат. Со врзани очи се обидоа да се ориентираат низ зградата, се обидоа да ги надминат архитектонските препреки движејки се во инвалидска количка, како и да комуницираат со службите во улога на лица со делумно или целосно оштетување на слухот.

<< Претходна Следна >>
How do you see education in SEE?

Pogledaj rezultate