Втора фаза од Проектот

После првата фаза, следуваше втора фаза од проектот која ја карактеризираа доста динамични настани со конкретни резултати. Новата членка на Мрежата - Здружение на млади со хендикеп од Црна Гора, истражувањето за состојбата на студентите со хендикеп го спроведе во втората фаза од Проектот и со тоа успеа да постигне континуитет со Мрежата.

Следува, доста внимателно осмислена медиумска кампања со назив “Рамноправни во образованието “, која сврте големо внимание на јавноста на промоцијата на концептот за високото ИНКЛУЗИВНО образование. Со кампањата беа промовирани резултатите добиени од истражувањето од првата фаза. Резултатите беа објавени во креативно осмислена публикација.

Напоредно со кампањата беа организирани голем број “тркалезни маси “ на разни факултети, каде се говореше за конкретни проблеми со кој се сретнуваат студентите со хендикеп. Истакнуваме дека одзивот на претставниците на релевантните институции, како и интересот за овие теми беше голем, доколку направиме споредба со одзивот на студентите кои немаат хендикеп и нивната заинтересираност за примената на инклузијата во образованието. Поточно активноста од проектот наречена “ инфо штандови “ го привлече вниманието на младите студенти со хендикеп. Во рамки на тие активности, студентите со хендикеп во холовите на факултетите делеа промотивни материјали и се запознаваа со студентите без хендикеп. Студентите имаа можност да ги остават своите податоци доколку се заинтересирани волонтерски да се вклучат во промоција на високо инклузивно образование.

Вторате фаза од Проектот беше крунисана со потпишување на Повелба за високо инклузивно образование. Потписници на повелбата беа ректорите на универзитетите , министри , безброј институции на системот. Со потпишувањето на повелбата , тие ја потврдија согласноста за промоција и спроведување на инклузивно образование.

<< Претходна Следна >>
How do you see education in SEE?

Pogledaj rezultate