Мрежа на млади и студенти со хендикеп

Ние сме мрежа на млади и студенти со хендикеп, основана 2004 година, со цел заедно да работиме на подобрување на состојбата на младите И студентите со хендикеп. Сега за сега мрежата ја сочинуваат четири организации: Здружение на студенти со хендикеп “Гаудеамус“ од Република Молдавија, Здружение на млади со хендикеп од Република Црна Гора, Здружение на студенти со хендикеп од Република Србија и Здружение на студенти и младинци со хендикеп од Република Македонија, кои паралелно - секоја во својата земја - спроведуваат активности кои водат кон подобрување на состојбата на студентите со хендикеп.

Би сакале да ја зајакнеме и прошириме Мрежата! Заинтересираните организации можат да не контактираат.

ПРОМОЦИЈА НА ИНКЛУЗИВНО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Промоција на инклузивно високо образование во југоисточна Европа е проект кој успешно се спроведува ве]е 5 години. Завршени се две фази од овој проект а во моментот во тек е реализација на третата фаза.

Проектот паралелно се реализира во 4 земји и истиот го реализираат следните организации: Здружение на студенти со хендикеп “Гаудеамус “од Република Молдавија, Здружение на млади со хендикеп од Република Црна Гора, Здружение на студенти со хендикеп од Република Србија и Здружение на студенти и младинци со хендикеп од Република Македонија.

Во текот на првата фаза од Проектот, одржани се неколку состаноци на организациите од Република Молдавија, Република Србија,  и Република Македонија.
Мрежата на млади и студенти со хендикеп од југоисточна Европа , официјално е заснована на состанок во Белград во периодот од 12 - 17. февруари 2004 година. На тој состанок утврдени се активностите на Мрежата, кои подоцна паралелно ]е се реализираат во сите 3 земји, членки на Мрежата.

Мрежата е проширена после првата фаза од проектот, кога и се приклучи уште една организација - Здружение на млади со хендикеп од Црна Гора.

Прва фаза од Проектот

Втора фаза од Проектот

Трета фаза од Проектот

Завршна фаза од Проектот

How do you see education in SEE?

Pogledaj rezultate